објаснување на кошарка.

Кошарка e екипен спорт во кој пет играчи од два различни екипи се обидуваат да постигнат што повеќе бодови преку давање кош, односно преку уфрлување на топката низ хоризонтално поставен обрач на височина од 305 сантиметри. Од едната страна на теренот до другата, топката се пренесува преку тапкање и подавање на останатите членови на екипата.

Во 1891, канаѓанецот Џејмс Најсмит ја измислил играта кошарка, со 7 правила од кои 6 сè уште се користат. Најсмит бил важен пропонент за развитокот на женскатa кошарка и за раширувањет—о на играта низ Северна Америка. Двете најсилни кошаркарски лиги во светот се европската евролига и северноамериканската Национална кошаркарска нација. Кошарката е распространета на сите континенти и е најбрзорастечкиот спорт во светот. Во македонија, најсилната кошаркарска лига е македонската прва лига.

До бодови во кошарката се доаѓа со фрлање на топката во обрачот на кошот. Екипата која на крајот од натпреварот ќе добие повеќе бодови е победник. Кошот постигнат волакот вреди 2 бода, кошот постигнат надвор од лакот 3 бода, а кошот од слободни фрлања носи по 1 бод. Топката во кошарката се управува со нејзино удирање од подот, односно водење, или пак преку меѓусебно додавање меѓу играчите. Телесни контакти ко можат да ги повредат играчите не се дозволени. Постојат строго одредени правила и начини спрема кои топката може да се води.

Со тек на времето кошарката ги развила вообичаените техники за шутирање, додавање и водење, како и позициите на играчите кога се во напад и во одбрана. Иако вообичаената кошарка се одвива под строго одредени првалига, разни варијации на кошарката направила таа да биди со сè помалку правила. Во кошарката има разни стилови на шутира, од кои најпознат е ударот хорок.

Comments